„Блиц“: Колапс на системот во Врање - преполни болници, а Македонците стигнаа на шопинг

Епидемиолошката состојба во српскиот град Врање е вонредна и исклучително тешка, предупредуваат експертите во земјата. Покрај наглото зголемување на бројот на заразени, овој град бележи и зголемен број на пациенти со потешка клиничка слика, а капацитетите на болниците се целосно исполнети, пишува српски „Блиц“.

Има голем број хоспитализирани. Сите капацитети на болниците во областа Пчиња се полни. Расте бројот на пациенти со тешка и умерена клиничка слика. Болести се јавуваат на сите возрасти, претежно меѓу работната популација, но има значителен број на заразени деца од предучилишна и училишна возраст", изјави за „Блиц“ д-р Слаѓан Станковиќ, епидемиолог во Здравствениот дом во Врање.

Тој вели дека влошената епидемиолошка состојба е резултат на непочитување на мерките, но и поради големиот број на Македонци кои доаѓале на шопинг во Врање.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.