Стаорци слободно се шетаат на улиците на Лондон

Затворени ресторани, помалку луѓе на улица, помалку ѓубре - стаорците имаат повеќе простор за движење за време на карантинот, но стануваат поагресивни во потрагата по храна. Со овој проблем се борат во Велика Британија.

За време на забраната за движење, се намали бројот на луѓе на улиците, а многу продавници се затворени подолго време. И така овие глодари ја окупираа територијата, пишува „Дојче веле“.

Според британското здружение БПЦА, кое собира 700 истребувачи на штетници од целата земја, активноста на глодарите се зголемила за 78% во ноември. Во првата блокада минатата пролет, зголемувањето било 51 процент. Ситуацијата е особено лоша во Лондон.

Од почетокот на пандемијата, дури осум проценти од населението го напуштиле тој град, претежно странци кои повеќе немаат работа. Ова остава простор за глодари.

„ Се чини дека нивните навики се менуваат. Особено стаорците се повеќе видливи во населените места“, изјави Натали Бангеј од БПЦА за ДВ.

БПЦА смета дека бројот на стаорци во Велика Британија се зголемил за една четвртина на 150 милиони минатата година. Некои германски експерти зедоа и два стаорци по жител како основа за проценка, но тие велат дека сега треба да се смета на три или повеќе.

Стаорците се преносители на опасни заразни болести.

„ Пренесувањето на заразата најчесто се случува кога ќе се подигне прашината која останува од изметот о урината на стаорецот“ објснува германскиот експерт за штетници, Јохан Еков.

Во време кога медиумите известуваат малку за други работи, освен за коронавирусот, стаорците на улиците во Лондон станаа главна тема за таблоидите. Објавени се фотографии од стаорци за кои се претпоставува дека се долги половина метар.

Ваквите написи се одлична реклама за истребувачите на штетници. Тие им велат на угостителите и трговците - подобро да не вработите, инаку, кога повторно ќе ја отворите вратата, може да ве чека легло за глодари.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.