Хрватска ги испитува причините за смртта кај маж, 12 дена по примена вакцина од „Астразенека“

Хрватската агенција за лекови побара документација за започнување истрага по извештајот дека еден човек починал 12 дена откако примил вакцина од „Астразенека“.

Се наведува дека агенцијата е во контакт со здравствената установа каде е регистриран случајот, со цел да се достави целата медицинска документација што е можно поскоро, врз основа на која може да се изврши проценка за причините за смртта.

„Во извештајот се наведени тромбоцитопенија и крвавење, пренесуваат хрватските медиуми.

Сепак, од таму е наведено дека извештајот е многу оскуден, бидејќи не содржи документација за причините за смртта, како и за текот и развојот на настаните што довеле до смрт кај починатото лице, велат од хрватската агенција за лекови.

Тие наведоа дека овој материјал ќе биде испратен и до Европската агенција за лекови.

„Хрватската агенција за лекови досега нема добиено ниту еден извештај во кој се посочува на сомневање за несакани ефекти со фатален исход за кој е утврдена причинско-последична врска со вакцината од 'Астразенека'“, се вели во соопштението, пренесуваат хрватските медиуми.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.