Меркел бара краток и остар „локдаун“ во цела Германија

Германската канцеларка Ангела Меркел го поддржала воведувањето на остро, пократко заклучување во Германија со цел да се спречи ширењето на вирусот, потврди денеска претставничката на владата во Берлин, Урлике Демер.

Германија се бори против третиот бран на пандемијата, поради што лидерите на неколку германски покраини повикаа на пократко, поостро заклучување, додека властите се обидуваат да вакцинираат што повеќе граѓани, пренесува „Ројтерс“.

„Потребно ни е бројот на новоинфицирани да падне под 100 (на 100 илјади жители)“, рече Демер на прес-конференција, а според Институтот „Роберт Кох“, бројот на новоинфицирани на 100 илјади жители во моментов е 110,1.

Таа додаде дека во 16-те германски сојузни покраини во моментов на сила се различни мерки, што не придонесува за безбедност на граѓаните.

Во последните 24 часа во Германија се потврдени уште 9.677 случаи на Ковид-19, вкупно 2,9 милиони од почетокот на пандемијата, со 77.401 смртен случај.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.