Руските и кинеските вакцини нема да важат за „зелените пасоши“ во Австрија

Австриското министерство за здравство појасни дека лицата кои биле вакцинирани во странство со руска или кинеска вакцина против коронавирусот нема да бидат третирани како вакцинирани, односно нема да можат да користат угостителски услуги, хотели и фризери без негативен тест.

Вакцините кои не се одобрени од Европската агенција за лекови (ЕМА), како што е руската „Спутник в“ и кинеската „Синофарм“, нема да можат да бидат вклучени во „зелените пасош“, што Австрија го воведува како своевиен билет за угостителски објекти, базени и хотели.

Сите оние кои во странски земји се вакцинирале со овие вакцини, ќе треба да бидат тестирани пред да ги користат слободите што ќе се овозможат по олеснувањето на мерките на 19 мај, соопшти Министерството.

Исто така, Министерството не советува лицата вакцинирани со руски или кинески вакцини да бидат повторно вакцинирани во Австрија.

Инаку, во т.н. „зелен пасош“ ќе има доказ за вакцинација, негативен тест и доказ за прележан Ковид-19.

„Само оние вакцини одобрени од ЕМА ќе бидат валидни како доказ за вакцинација, а тоа се вакцините 'Бионтек-Фајзер', 'Модерна', 'Астра зенека' и 'Џонсон и Џонсон'“, објави Министерството.

Граѓаните кои се вакцинирале со „Спутник“ или „Синофарм“, како што соопшти Министерството, нема да можат да ги внеса овие вакцини во „зелениот пасош“ и нема да се третираат како вакцинирани, т.е. нема да можат да ги уживаат правата на вакцинираните.

„Широка понуда на тестирање е исто така достапен за луѓето кои доброволно биле вакцинирани со вакцини што не се одобрени во ЕУ“, изјави министерот за здравство Волфганг Микштајн во изјава за агеницјата АПА.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.