Неколку часа по почетокот на примирјето, нов конфликт во Ерусалим

На социјалните мрежи се појави најново видео - повторно судири меѓу Палестинците и израелската армија во близина на џамијата Ал Акса во Ерусалим.

Некои медиуми наведуваат и дека бил фрлен солзавец кон Палестинците.

И претходната, единаесетдневна размена на ракети, започна со судири пред таа џамија. Тоа резултираше со фрлање на над 4.000 ракети, од една на друга страна и големи загуби. Загинаа и многу цивили.

 

Според последните информации, во конфликтот се повредени 15 лица.

Сите напори да се стави крај на конфликтот вродија со плод дури 11-тиот ден, кога Израел се согласи на примирје, но со назнака дека сите нивни разговори со противничката страна се однесуваат на политичкото крило на Палестина - Фатах и ​​дека нема разговори со Хамас.

Прославата по прогласувањето на примирјето започна од двете страни на „жицата“, а Палестинците започнаа да се собираат во џамијата Ал Акса од раните утрински часови, поради што израелските безбедносни сили беа во готовност.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.