(Видео)Шпанецот кој ја уби и изеде својата мајка доби 15 години затвор

Шпанец е осуден на 15 години затвор за убиство на својата мајка чии остатоци потоа ги јадел.

Алберто Санчез Гомез (28) беше уапсен во 2019 година откако полицијата пронајде остатоци од човечки труп во куќата на неговата мајка. Дел од нив биле во пластични садови за храна.

Санчез се бранеше со ментална неврамнотеженост, изјавувајќи дека за време на убиството имал психотична епизода, но судот ги отфрли неговите аргументи и го осуди на 15 години затвор за убиство на неговата мајка и на уште пет месеци затвор поради криење на нејзините останки.

Исто така, му е наредено да му исплати 60.000 евра отштета на неговиот брат, пишува Би-би-си.

Пријател на Марија Соледад Гомез (60) ја контактирал полицијата во февруари 2019 година, изјавувајќи оти е загрижен дека таа не е добро. Полицајците го посетиле нејзиниот дом во Мадрид и ги пронашле нејзините остатоци.

 

За време на судењето, се дозна дека Санчез, тогаш 26-годишен, ја задавил својата мајка за време на расправија. Потоа тој ја распарчил и јадел делови од нејзиното тело следните две недели, притоа хранејќи го дури и своето куче.

Шпанските медиуми наведуваат дека младиот човек веќе и бил познат на полицијата поради насилство врз неговата мајка и дека имал забрана за пристап.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.