САД ја поздравија Резолуцијата за Сребреница усвоена во Парламентот на Црна Гора

Американскиот Стејт департмент ја поздрави Резолуцијата за Сребреница усвоена во Парламентот на Црна Гора во петокот.

„Позицијата на САД во врска со ова прашање е долготрајна и непоколеблива. Ова болно поглавје од европската историја никогаш не смее да се негира или заборави", рече портпаролот на Стејт департментот за „Гласот на Америка“.

Бурни реакции се јавија еден ден откако црногорскиот Парламент усвои резолуција за забрана за негирање на геноцидот извршен во Сребреница и смената на поранешниот министер за правда, Владимир Лепосавиќ, кој одби да гласа „за“.

Милан Кнежевиќ од Демократскиот фронт изјави дека никој од граѓаните кои гласале за промени во Црна Гора и против Мило Ѓукановиќ не може да помисли дека парламентарното мнозинство ќе ги прогласи Србија и српскиот народ за геноцидни.

„Чувствувам одредена доза на срам иако гласав против таа резолуција. Сакам да се извинам на цела Србија и на српскиот народ за она што се случи во парламентот, бидејќи тоа не е мнозинството на Црна Гора“, рече Кнежевиќ.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.