Десет лица загинаа, меѓу нив деветмесечно бебе и осум девојчиња, во верижен судир во Алабама

Десет лица, вклучувајќи девет девојчиња и еден помлад маж, загинаа во верижен судир во кој учествуваа 18 автомобили на автопатот во Алабама за време на тропската бура Клодета.

Деветмесечно бебе, нејзиниот 29-годишен татко и осум девојчиња на возраст под 17 години ги загубија своите животи во автобусот на младинскиот ранч на Здружението на шерифите во Алабама, објави шерифот на округот Батлер, Дени Бонд, пренесуваат американските медиуми.

Тој рече дека на ранчот живеат деца на училишна возраст од Алабама кои биле запоставени или малтретирани во семејствата.

Осум од децата кои загинаа во несреќата се враќале на ранчот по една недела мината на плажата Голф Шорс, на брегот на Мексиканскиот залив.

Причината за судирот на автопатот меѓу Гринвил и Форт Депозит сè уште се истражува, а се сомнева дека возилата се излизгале.

Директорката на ранчот, Кендис Гали е спасена и хоспитализирана во Монтегомери, но не е познато во каква состојба, рече Смит.

„Ова е најголемата трагедија што ја доживеав“, изјави директорот на младинските кампови, Мајкл Смит, кој се врати од патувањето со друг автобус и не ја видел несреќата.

„Зборовите не можат да го опишат она што го видов, ние ги сакаме овие девојки како свои деца“, рече Смит на местото на несреќата.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.