Евакуација во четири населени места во Турција поради пожарите

Пожар во станбена област во јужна Турција принуди голем број жители да се евакуираат, бидејќи противпожарните служби продолжуваат да се борат со големите пламени јазици на јужниот и југозападниот брег на земјата, јавија денеска турските агенции.

Пожарот избувна во населбата Бејчилер во провинцијата Мугла, и се прошири на четири населени места во областа Бодрум, стигнувајќи до населбите Туркевлери и Орен.

Пламените јазици, кои брзо се проширија од силниот ветер, ги принудија жителите да ги напуштат своите домови, додека новинарите спасија мачка заробена на балкон.

Турскиот министер за внатрешни работи Сулејман Сојлу вчера изјави дека 16.603 жители од 3.219 домаќинства во 28 населени места се евакуирани поради пожарите на југот на земјата.

Најмалку осум лица го загубија животот во пожарите што избија во средата, на 28 јули.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.