Рама ја одликува Меркел со орден
- Детали
- Категорија: Свет
- Создадено: 14 Септември 2021
Албанскиот премиер Еди Рама ја одликува германската канцеларка Ангела Меркел со орден „Ѕвезда на благодарноста“, како високо државно признание.
„Данке Ангела! Особено задоволство ми е да Ве одликувам, во име на Албанија, со медалот 'Ѕвезда на благодарноста' како јавно признание“, напиша албанскиот премиер на социјалните мрежи, каде објави и видео од примопредавањето на ова одликување.
„Ова е симбол на нашиот национален херој Скендербег, кој ја штител Албанија од ивазија и за кого исто така се сметало дека е 'атлет на Христа', поради заштитата на христијанството“, објасни Рама во краткиот говор пред германската канцеларка.
Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk
Можеби ќе ве интересира:
Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс