Откриен нов вид на коронавирус, научниците загрижени

Нов вид на коронавирусот со зголемена отпорност на антитела е идентификуван во дом за стари лица во Кентаки, каде веќе се заразени 45 корисници и вработени, пренесуваат медиумите во светот.

„Новиот вид, кој потекнува од Јапонија, е познат како „Р.1“ и содржи опасни мутации кои го подобруваат неговиот пренос, размножување и имунолошка супресија“, изјавија научниците.

„„Р.1“ треба да се следи. Утврден е во Јапонија и САД“ - напиша експертот за заразни болести, Вилијам Хаселтин.

Новиот вид на вирусот САРС-КоВ-2 е откриен откако ФДУ одобри вакцини за лица постари од 65 години и за други загрозени групи.

Од Агенцијата додаваат дека загриженоста од заразниот делта- сој значи дека е неопходно да се забрза вакцинацијата.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.