Словенците во иднина ќе се вакцинираат само со „Фајзер“ и „Модерна“

Вакцинацијата против Ковид-19 во Словенија во иднина ќе се изведува само со мРНА вакцини (Фајзер-Бионтек и Модерна), а векторски вакцини (Астразенека и Џонсон и Џонсон) ќе се даваат само во исклучителни случаи, односно на лично барање, потврди министерот за здравство Јанез Поклукар.

Ова го препорачаа група медицински експерти откако неодамна девојка почина помалку од две недели откако беше вакцинирана со „Џонсон и Џонсон“.

Поклукар на прес-конференција рече дека векторските вакцини ќе бидат достапни само за луѓе кои имаат контраиндикација за вакцинација со мРНА вакцини или оние со желба да се вакцинираат со векторска вакцина.

Експертската група, исто така, и' предложи на владата вакцината „Фајзер“ да се користи за помлади од 30 -години, поради новите податоци за ризикот од развој на воспаление на срцевиот мускул кај вакцинираните со „Модерна“.

Поклукар рече дека половина од Словенците се вакцинирани со мРНА вакцини, а другата половина со векторски вакцини. Вкупно 49,5 проценти од населението е вакцинирано.

На прашањето дали промената на стратегијата за вакцинација ќе го намали интересот за вакцинација, министерот рече дека користењето побезбедните, мРНА вакцини ќе ја зголемат довербата на јавноста, а со тоа и вакцинацијата на населението.

Поклукар, исто така, нагласи дека препораката на експертската група за давање трета доза на имунокомпромитирани лица и постари од 65 години, за кои ќе се користат мРНА вакцини, пред се на „Фајзер“, е прифатена. Третата доза ќе им се даде дваесет дена по втората доза или подоцна.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.