Aвстралијците повторно ќе можат да патуваат во странство, но само со вакцина

Австралија потврди дека следната недела ќе ја укине забраната, која ги спречи нејзините граѓани да патуваат во странство без посебна дозвола, пишува Би-би-си.

Австралијците поминаа 19 месеци под едно од најстрогите правила за патување во светот, за да се обидат да го спречат ширењето на пандемијата на коронавирус.

Тие мора да се вакцинираат пред да ја напуштат земјата

Од 1 ноември на луѓето повеќе нема да им треба посебна дозвола за да ја напуштат земјата, под услов да се целосно вакцинирани. Засега, тоа се однесува само на Австралијците, но некои од правилата за странците исто така ќе бидат олеснети наскоро, соопшти владата.

„Пред крајот на годината, предвидуваме дека ќе можеме да примиме целосно вакцинирани работници и странски студенти“, рече министерката за внатрешни работи Карен Ендрјус.

Премиерот: Време е да ни се вратат животите

Премиерот Скот Морисон го поздрави најавеното отворање на границите, велејќи дека е време Австралијците да си ги вратат животите.

Во моментов, оние што ја напуштаат Австралија, која има повеќе од 160.000 заразени со коронавирус и 1.653 смртни случаи, може да го сторат тоа само во исклучителни случаи. Влезот во земјата е исто така дозволен само по исклучок, а има максимален број на оние кои можат да влезат во Австралија.

Австралијците помлади од 12 години ќе бидат ослободени од обврската за вакцинација за патување, а на другите невакцинирани патници сè уште им е потребна посебна дозвола и мора да бидат ставени во карантин, во одредени хотели, 14 дена по враќањето.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.