ЕУ ќе ги запре летовите од Јужна Африка поради новата варијанта на коронавирусот

Националниот институт за заразни болести во Јужна Африка (NICD) потврди 22 случаја на инфекција со новата варијанта на коронавирусот B.1.1.529 во земјата, a Европската комисија најавува дека ќе го ограничи воздушниот сообраќај од Јужна Африка поради страв од ширење на инфекцијата.

Претседателката на ЕК, Урсула фон дер Лаен, на „Твитер“ објави дека Комисијата ќе предложи, во координација со земјите членки, активирање итни овластувања за запирање на воздушниот сообраќај од јужноафриканскиот регион поради страв од ширење на коронавирусот, т.е. варијантата B.1.1.529.

 

 

 

Научниците од NICD објавија дека се работи за варијанта на Ковид-19 со повеќе мутации за кои веруваат дека се одговорни за големиот пораст на бројот на заразени лица.

„За жал, во Јужна Африка идентификувавме нова варијанта што предизвикува загриженост“, рече вирологот Тулио де Оливеира на вонредна прес-конференција.

Варијантата, означена како B.1.1.529, има многу голем број мутации и предизвикува скок на инфекцијата, рече тој.

Светската здравствена организација (СЗО) го означи сојот како варијанта под надзор. Марија ван Керхове, технички шеф на СЗО за Ковид-19, рече дека досега им се достапни помалку од 100 геномски секвенции од споменатата варијанта.

Ќе бидат потребни неколку недели за да се одлучи дали B.1.1.529 ќе стане варијанта од интерес или варијанта што предизвикува загриженост и ќе го добие грчкото име делта.

Ван Керхове објаснува дека голем број мутации во варијантата би можеле да го променат однесувањето на вирусот, но сè уште не е познато што значи тоа за ефикасноста на сегашните вакцини и лекови.

Оваа варијанта е исто така идентификувана во Боцвана и Хонгконг кај патници што пристигнале од Јужна Африка.

Израел и Велика Британија веднаш воведоа ограничувања за патување од неколку африкански земји. Британија ги откажува летовите од Јужна Африка, Боцвана, Намибија, Лесото и Зимбабве, а Израел на листата го додаде Мозамбик.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.