Германија ќе има министерка за надворешни работи, прва жена на таа функција

Потпретседателката на германските зелени, Аналена Баербок, ќе стане нова министерка за надворешни работи и прва жена на оваа функција, објави нејзината партија.

40-годишната Баербок ќе ја преземе функцијата на почетокот на декември како дел од владината коалиција формирана во средата со социјалдемократите и либералите.

 

 

Зелените исто така објавија дека нивниот втор потпретседател, Роберт Хабек, ќе раководи со супер министерство, кое ги комбинира климата и економијата.

Аналена Баербок ќе го замени социјалдемократот Хајко Мас во Министерството за надворешни работи. Покрај тоа што е првата жена, таа е и најмладата личност на таа позиција во германската историја.

За време на предизборната кампања, Баербок вети дека ќе ја оживее германската дипломатија, особено со поостар тон кон Русија и Кина.

На Европската Унија ѝ треба силна, отворена, но активна германска надворешна политика, рече таа во мај.

Противничката на гасоводот „Северен тек 2“, кој треба да овозможи транспорт на руски гас, и адвокатка, која е специјализирана за меѓународно право, вели дека понаков пристап кон авторитарните режими е од клучна важност за идната влада, за безбедноста и за вредностите.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.