Во Романија откриени први случаи на омикрон кај две лица кои се вратиле од Јужна Африка

Првите два случаи на новиот сој на коронавирус - омикрон кај двајца Романци кои се вратиле од Јужна Африка на 30 ноември се откриени во Романија, соопшти денеска Министерството за здравство.

Станува збор за жена (48) од Брашов и маж (59) од Васлуи, а се во изолација дома и немаат никакви симптоми.

 

 

Властите го истражуваат и третиот можен случај на варијантата омикрон, пренесува „Ројтерс“.

Во Романија денеска се пријавени 1.490 нови случаи на коронавирус, а починале 131 пациент.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.