СЗО препорачува два нови лекови за борба против ширењето на омикрон

Податоците на СЗО покажуваат дека омикрон, кој ја избегнува заштитата што ја обезбедуваат многу вакцини и терапии, е идентификуван во 149 земји. Брзо го заменува делта-сојот како доминантна варијанта.

Од панелот на Светската здравствена организација (СЗО) е препорачана употреба на два нови лекови, на фармацевтската компанија „Eli Lilly“, „GlaxoSmithKline“ и „Vir Biotechnology“, како нови опции за лекување на пациентите со Ковид-19 бидејќи сојот омикрон брзо се шири.

 

 

Податоците на СЗО покажуваат дека омикрон брзо го заменува делта-сојот принудувајќи ги владите и научниците да ја зајакнат одбраната преку тестирање, инјекции и терапии.

Комисијата го препорача „Lilly's baricitinib“, продаден под брендот „Olumiant“, за пациенти со тешка слика на Ковид-19 во комбинација со кортикостероиди, додека условно ја поддржува терапијата со антитела „GSK-Vir“ за пациенти со поблага клиничка слика.

Досега, терапијата со моноклонални антитела „GSK-Vir“ беше единствената што покажа ефикасност против омикрон во лабораториски тестови, додека слични третмани од „Eli Lilly“ и „Regeneron Pharmaceuticals“ понудија помала заштита при ваквите тестирања.

Експертите на СЗО забележаа дека ефективноста на третманот со моноклонални антитела - лабораториски произведени соединенија кои ја имитираат природната одбрана на телото - против новите соеви како што е омикрон сè уште е неизвесна, и рекоа дека упатствата за оваа класа лекови ќе бидат ажурирани кога ќе има дополнителни податоци.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.