Тедрос: Светот е во клучна пресвртница, земјите мора да работат заедно
- Детали
- Категорија: Свет
- Создадено: 24 Јануари 2022
Во екот на уривањето на рекордите на новозаразени луѓе во светот, СЗО ги повика сите земји да работат заедно за да се стави крај на пандемијата.
„Пандемијата сега е во својата трета година и ние сме во клучна пресвртница“, изјави генералниот директор на Светската здравствена организација Тедрос Адана Гебрејесус на заедничката прес-конференција со германската министерка за развој Свења Шулц.
Тој ги повика сите земји во светот да работат заедно за да се стави крај на акутната фаза на пандемијата, наведувајќи дека сега ги имаат на располагање сите алатки за тоа.
Тедрос додаде дека за да се стави крај на акутната фаза на пандемијата, неопходно е сите земји да работат заедно.
„ Не можеме да ѝ дозволиме да продолжи да се одолговлекува и да се тетерави меѓу паниката и запоставувањето“, рече директорот на СЗО.
Тедрос рече и дека Германија стана најголемиот донатор на СЗО, но не даде дополнителни детали.
Во исто време, германскиот министер Шулц истакна дека главниот приоритет на Германија, која го презеде претседавањето со Г7, е да се стави крај на пандемијата ширум светот и повика на масовно забрзување на глобалната кампања за вакцинација со цел да се постигне тоа.
Со овој настан во Женева ќе започнат еднонеделните состаноци на Извршниот одбор на СЗО, на кои ќе се разговара за клучните аспекти на иднината на здравствената агенција на Обединетите нации, како и за вториот мандат на Тедрос на чело на СЗО.
Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk
Можеби ќе ве интересира:
Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс