Зеленски: Русија сака Украинците да клечат и да ги молат за леб и вода

Во своето денешно обраќање, претседателот на Украина, Володимир Зеленски ги повика украинските партнери ширум светот да донесат решенија засновани на реалноста, а не на апстрактни мислења. Тој рече дека Русија сака да го понижи украинскиот народ и да го натера да клекне и да моли за да леб и вода.

„Ние не станавме робови и никогаш нема да станеме - затоа што ова е нашиот дух и ова е нашата судбина“, нагласи Зеленски.

Гледајќи напред, изјави дека по војната се' ќе се обнови според највисоките стандарди и дека владата веќе размислува за обновата.

„Нема да има трага од руската инвазија“, додаде тој.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.