Зеленски ја критикуваше Русија за распоредувањето на сириските „убијци“ во Украина

Украинскиот претседател Володимир Зеленски денеска изјави дека Русија најмува „убијци“ од Сирија да се борат во Украина.

Претходно Москва соопшти дека на борците од оваа земја разурната од војна ќе им биде дозволено да им се придружат на нејзините сили.

„Тоа е војна со многу тврдоглав непријател кој реши да ангажира платеници против нашите граѓани. Убијци од Сирија, земја во која сè е уништено, како што ни прават овде“ - рече тој во видеоизјава.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.