(Од минута во минута) Мариупол под силни напади, во Киев падна бомба врз станбена зграда, нова рунда преговори

Нов ден од руските напади врз Украина

Клучни настани:

Мариупол под силни напади

Во Киев падна бомба врз станбена зграда, има загинати

Најмалку две лица загинаа, а најмалку три се повредени во рускиот ракетен напад во кој утринава непосредно пред 6 часот беше погодена станбена зграда во Киев

Починаа трудницата и бебето од сликата која го обиколи светот по бомбардирањето на породилиштето

Преговорите меѓу Русија и Украина продолжуваат и денеска, а ќе се одвиваат во форма на видео конференција, изјави Дмитриј Песков, руски преговарач и портпарол на рускиот претседател Владимир Путин.

(Од минута во минута)

Разнесен станбен блок во Киев, најмалку две лица загинаа

Најмалку две лица загинаа, а најмалку три се повредени во руски ракетен напад во кој утринава непосредно пред 6 часот беше погодена станбена зграда во Киев. Се додава дека на лице место медицински се згрижени девет лица. Првите бројки за загинатите и ранетите ги потврди советникот на украинскиот министер за внатрешни работи Антон Герашченко. Државната служба за вонредни состојби претходно соопшти дека руска артилериска граната погодила деветкатница и оштетила неколку станови. Погодениот станбен блок се наоѓа во областа Оболон во Киев.

https://twitter.com/i/status/1503242331583094786

Преговорите меѓу Русија и Украина продолжуваат и денеска, а ќе се одвиваат во форма на видео конференција, изјави Дмитриј Песков, руски преговарач и портпарол на рускиот претседател Владимир Путин. Михаил Подољак, украински преговарач и советник на украинскиот претседател Владимир Зеленски, ја потврди изјавата на Кремљ, јави Би-Би-Си. Во видеото објавено на социјалните мрежи, Подољак рече дека Русија почнува да се ангажира конструктивно и дека сега многу подобро го гледа светот околу себе. Украинскиот претседател Зеленски вчера изјави дека неговата делегација секојдневно разговара со руските колеги.

Во Стразбур денеска и утре ќе се одржи итен состанок на Парламентарното собрание на Советот на Европа, а на дневен ред ќе биде и дискусија за последиците од руската воена операција во Украина.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.