Заменик-градоначалникот на Мариупол: Русите држат пациенти како заложници

Заменик-градоначалникот на Мариупол, Сергеј Орлов соопшти дека руските војници ги зеле како заложници персоналот и пациентите на болницата во Мариупол.

„Добивме информации дека руската армија ја зазела нашата најголема болница... и дека нашите пациенти и лекари се користат како заложници“, нагласи тој.

„Можеме да ја потврдиме оваа информација, а ја потврди и гувернерот на регионот Донецк. Добивме информација дека таму се 400 луѓе“, додаде Орлов.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.