Жена која побегнала од Мариупол: Таму е пекол

Жителите кои побегнаа од опколениот Мариупол изјавија за Си-Ен-Ен дека условите во градот се неподносливи и дека е како пекол.

Во исто време, украинскиот баталјон Азов, екстремно десничарска доброволна пешадиска единица, објави снимки од беспилотни летала кои ги покажуваат размерите на пустошот во Мариупол, а доцна синоќа беа објавени сателитски снимки од источен Мариупол на кои се гледаат пожари и уништени згради.

Градските власти денеска соопштија дека околу 2.000 автомобили го напуштиле градот, а уште 2.000 остануваат паркирани на главниот коридор што може да го напушти градот.

Околу 2.500 цивили се убиени во Мариупол, проценуваат украинските власти. Околу 350.000 луѓе се заробени во градот, а властите ги предупредуваат оние што останале немаат струја, вода или греење.

Две жени кои успеале да побегнат во областа Запорожје, оддалечена околу 180 километри, раскажале за Си-Ен-Ен за ситуацијата во Мариупол и, како што рекоа, застрашувачкото бегство.

Лидија, која од безбедносни причини не сакала да го открие своето презиме, за Си-Ен-Ен изјавила дека решила да го напушти Мариупол откако бомбите почнале да паѓаат сè поблиску до нејзината куќа.

„Градот го оставивме под гранатирање, во Мариупол нема тишина“, изјавила 34-годишната девојка и додала дека разговарала со соседите кои денеска останале таму и дека ситуацијата е уште полоша.

Лидија откри дека поминала две недели во подрумот со уште околу 60 луѓе, додавајќи дека само повремено излегувала за да земе работи од нејзиниот стан.

Опишувајќи го патувањето од градот, Лидија кажала: „Неколку пати застанувавме и ги криевме децата бидејќи авионот леташе многу ниско над нас. Се плашевме дека ќе пука во нас. Но, повеќе не беше можно да се остане во градот. Мариупол сега е пекол“,изјавила таа.

Свјетлана за Си-Ен-Ен изјавила дека се криела во нејзината куќа со уште 17 луѓе кои ги пуштила да влезат бидејќи нивните домови биле уништени. Таа кажала дека готвела супа во својата градина користејќи дождовница.

"Кога почна војната, не сакав да заминам. Но, кога гранатите почнаа да ми летаат над главата дење и ноќе, стана неподносливо да се биде таму", кажала 57 годишната жена.

„Мојот син остана во Мариупол, многу сум загрижен за него, но тој одлучи да остане. Не можев да го убедам да замине“, кажала таа.

Зборувајќи за условите во Мариупол, Свјетлана рече: „Во градот има уште многу луѓе. Им кажав на соседите дека е можно да се напушти, но тие се плашеа дека се е минирано“.

„Вчера беше бомбардирана последната самопослуга во градот, се прашувам како луѓето ќе преживеат сега“ рекла таа.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.