Погодена зграда во Киев, едно лице загина

Едно лице загина, а четворица се повредени откако делови од руска ракета паднале врз станбена зграда во северниот дел на украинската престолнина, Киев, соопштија службите за брза интервенција.

Откако ракетата паднала врз зградата избувнал пожар.

Службите во соопштението наведуваат дека 12 лица се спасени, а 98 се евакуирани од петкатницата, пренесува „Ројтерс“.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.