Командантoт на „Азов“ бара итна помош од Киев за ситуацијата во фабриката „Азовстал“

Украинските лидери мора да најдат начин да му помогнат на полкот што ја брани фабриката за челик „Азовстал“ во Мариупол, која е опкружена од руските сили, рече командантот на „Азов“ во емотивното обраќање.

„Го повикувам воено-политичкото раководство да преземе решителни чекори за да ја прекине блокадата или да ги евакуира сите оние што се надеваат и веруваат во својата татковина“, рече заменик-командантот Свјатослав Паламар во видеопораката објавена денеска.

Тој додаде дека борците сè повеќе се прашуваат зошто Киев не ги исполнил своите ветувања.

„Кој може да одговори на тоа: Зошто сме сами против артилерија, бродови и авиони?“, запраша Паламар.

Заедно со многубројните војници, според тврдењата, во бункерите на фабриката има и околу 1.000 цивили.

Рускиот претседател Владимир Путин нареди целосна блокада на фабриката за челик. Москва го обвинува полкот „Азов“, во кој доминираат националисти, за воени злосторства, но нема конкретни докази за тоа.

Москва тврди дека остатокот од уништениот пристаништен град Мариупол во југоисточна Украина е под руска контрола по неколкунеделни жестоки борби.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.