Грција ќе плаќа за рускиот гас на начин што нема да ги прекрши санкциите, вели министерот за енергетика

Грција планира да ја намири сметката кон рускиот снабдувач со гас „Газпром“ следниот месец на начин што нема да ги прекрши санкциите на Европската Унија против Русија, изјави денеска грчкиот министер за енергетика, Костас Скрекас.

На главната грчка компанија за гас ДЕПА на 25 мај ѝ достасува сметката за исплата на „Газпром“ за априлските испораки на гас, изјави Скрекас за грчкото радио „Скај“, без да прецизира во која валута ќе се врши плаќањето, пренесува „Ројтерс“.

„Ќе плаќаме на начин што нема да ги прекрши санкциите и со кој се обезбедува енергетската безбедност на нашата земја“, додал министерот.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.