Петков: Нема да се согласиме со руските услови
- Детали
- Категорија: Свет
- Создадено: 28 Април 2022
Премиерот на Бугарија Кирил Петков изјави дека властите на таа земја нема да се согласат со условите на Русија кога станува збор за плаќање на гас во рубли.
- Мора да дејствуваме заедно и брзо. Затоа што нема да се согласиме со тоа. Никој нема право еднострано да ги менува условите на договорот. Кога би го прифатиле тоа, тоа би било првата пукнатина во европското семејство, а Бугарија нема да биде причина за тоа - изјави Петков за француски „Монд“.
Според него, Бугарија има директни испораки за еден месец, доколку не се променат околностите.
Но, Софија смета на завршување на интерконекторот со Грција на крајот на јуни и на заедничката стратегија на ЕК за набавка на течен гас.
- Се надеваме на што поскора помош од Азербејџан, како и заедничко купување на течен гас, очекуваме солидарност од сите европски земји. Обединети сме, силни, а не поделени - рече Петков.
Да потсетиме, „Газпром“ вчера ја прекина испораката на гас за Полска и Бугарија бидејќи не ги подмирувале обврските по новиот принцип - во рубли.
Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk
Можеби ќе ве интересира:
Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс