Борел: Посетата на Пелоси не треба да биде изговор за агресивни активности
- Детали
- Категорија: Свет
- Создадено: 04 Август 2022
Високиот претставник на Европската Унија за надворешна политика и безбедност, Жозеп Борел, по повод почетокот на кинеските воени вежби околу Тајван, изјави дека нема оправдување, посетата на претседателката на Претставничкиот дом на САД, Ненси Пелоси „да се користи како изговор за агресивни воени активности“.
„Нормална и рутинска работа е пратениците од нашите земји да патуваат во странство. Ги повикуваме сите страни да останат смирени, да бидат воздржани и да дејствуваат транспарентно“, напиша Борел на Твитер.
Кинеската Народноослободителна армија рано утринава почна големи вежби со боева муниција во морињата околу Тајван, еден ден по посетата на Пелоси на Тајпеј.
Пелоси направи кратка ненајавена посета на Тајван, што наиде на остра осуда од Кина и доведе до зголемени тензии во Тајванскиот Проток.
Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk
Можеби ќе ве интересира:
Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс