Ненси Пелоси: Кина нема да ни прави планови за патување

Претседателката на Претставничкиот дом на американскиот Конгрес, Ненси Пелоси, денеска изјави дека Кина нема да прави план за патување за Америка, алудирајќи на нејзината неодамнешна посета на Тајван во рамките на нејзината азиска турнеја.

„Нема да им дозволиме да го изолираат Тајван. Тие не го прават нашиот патен план, а партнерството меѓу САД и Тајван е силно“, рече Пелоси, пренесе „Гардијан“.

„Кина се обиде да го изолира Тајван. Можеби ќе се обидат да го спречат Тајван да учествува на друго место, но нема да го изолираат Тајван спречувајќи нè да дојдеме овде“, рече Ненси Пелоси во Токио на крајот од нејзината посета на Индо-Пацификот.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.