Двајца пилоти на Етиопијан ерлајнс заспале на височина од 11.000 метри, ги разбудил аларм

Двајца пилоти на патнички авион на Етиопијан ерлајнс заспале среде лет, но на крајот успеале да слетаат и никој од патниците не бил повреден.

Летот ЕТ343 патувал од Картум до Адис Абеба на 15 август, но пилотите заспале на височина од 11.277 метри. Кога требаше да почнат да се спуштаат до аеродромот, контролата на летот веќе не можеше да контактира со нив.

Екипажот се разбудил откако се исклучил автопилотот на авионот и се огласил алармот. Пилотите успеале безбедно да слетаат, а авионот останал на пистата околу два и пол часа пред да полета за следниот лет, пишува Дејли Мејл.

„Длабоко вознемирувачки инцидент од најголемата африканска авиокомпанија. Боинг 737 #ET343 на Етиопијан ерлајнс сè уште беше на надморска височина од 11.277 кога стигна во Адис Абеба. И зошто не почна да се спушта? Затоа што и двајцата пилоти заспаа“, напиша аналитичарот за авијација Алекс Мачерас на твитер, пренесе Индекс хр.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.