Предвидувања на Орбан: Западот нема да победи во Украина

Унгарскиот премиер Виктор Орбан изјави дека не верува во воената победа на Западот во Украина, додавајќи дека санкциите веќе почнуваат да запаѓаат.

Во интервју за германските медиуми, тој исто така рече дека смртоносниот конфликт во Украина има потенцијал демонстративно да стави крај на западната хегемонија, на глобално ниво.

Како што оценува, кога ќе заврши вооружениот конфликт во Украина, Европа ќе излезе од него значително послаба, во политичка смисла.

Орбан тврди и дека Западот не е способен да победи ниту воено, ниту економски бидејќи, како што вели, санкциите наметнати на Москва се бесмислени бидејќи не ја постигнале целта – да го ослабат Путин и неговиот режим.

„И да бидат работите уште полоши, сето тоа им се врати како бумеранг“ – додава Орбан.

Тој исто така посочува дека се заборава фактот што „голем дел од светот не застана на страната на САД и ЕУ за украинското прашање, притоа споменувајќи дека Кина, Индија, Бразил, Јужна Африка, арапскиот свет и Африка не воопшто ја поддржува западната политика за украинскиот конфликт“, пренесува денеска „Раша тудеј“.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.