Околу 104.000 пакувања леб се повлечени од продажба во Јапонија, откако во две пакувања се пронајдени делови од тело на стаорци, објави производителот на леб „Паско Шикишима“.
 
Претседателот на Белорусија, Александар Лукашенко изјави дека не треба да се дозволи да избие трета светска војна, бидејќи во спротивно нуклеарна апокалипса е неизбежна.
 
Дека во возилото нема биолошки траги од девојчето покажаа првите резултати од ДНК-прегледот на службениот автомобил што го управувале осомничените за убиството на малата Данка Илиќ во Србија, Дејан Драгијевиќ и Срѓан Јанковиќ. Ова е спротивно на претходните информации што властите ги објавија во јавноста.
 
Генералното собрание на Обединетите нации денеска треба да ја поддржи палестинската кандидатура за полноправно членство во ОН со тоа што ќе ја признае како квалификувана за членство и ќе го испрати барањето назад до Советот за безбедност на ОН „да го преиспита прашањето во корист на Палестинците“.
 

Путин го избра премиерот

Рускиот претседател Владимир Путин предложи повторно именување на Михаил Мишустин за премиер во неговиот нов претседателски мандат, изјави утрово претседателот на Државната дума, долниот дом на рускиот парламент.
 
Германскиот министер за одбрана, Борис Писториус, рече дека Берлин размислува за слични чекори по американската закана дека ќе запрат дополнителни испораки на оружје за Израел доколку извршат голем напад врз градот Рафа во јужниот дел на Газа.
 
Кина и Унгарија ќе тргнат на „златно патување“ во билатералните односи, изјави кинескиот претседател Си Џинпинг по средбата со унгарскиот премиер Виктор Орбан на третата и последна станица од неговата прва европска турнеја по пет години.
 
Во денешниот говор од Црвениот плоштад рускиот претседател Владимир Путин го обвини Западот дека ризикува глобален конфликт и рече дека никој нема да смее да ѝ се заканува на најголемата нуклеарна сила во светот додека Русија ја одбележува победата на Советскиот Сојуз над нацистичка Германија во Втората светска војна.
 
Иран ќе мора да ја промени својата нуклеарна доктрина доколку Израел му се закани, изјави советникот на врховниот лидер на Иран, Камал Харази, предизвикувајќи загриженост за иранското нуклеарно оружје.
 
Американскиот министер за одбрана Лојд Остин денеска изјави дека одлуката на американскиот претседател Џозеф Бајден да ја прекине испораката на муниција за Израел е донесена поради израелските планови да изврши офанзива врз градот Рафах на југот на Појасот Газа.
 
Како што пренесува „Нова.рс“ на ниту еден од предметите кои биле земени за помош во истрагата не биле пронајдени биолошки траги двегодишната Данка Илиќ од Србија.
 
Во Куршумлија денеска се случила несреќа кога на локалниот саем се урнала конструкцијата на рингишпилот, пренесуваат српските медиуми.
 
Режимот во Киев е прилично непредвидлив, интервенцијата на воените сили на НАТО во украинскиот конфликт на теренот претставува огромна опасност, изјави за новинарите портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков.
 
Претседателот на Народна Република Кина, Кси Џинпинг изјави дека во денешните разговори со претседателот Вучиќ е постигнат значаен консензус и дека Србија ќе биде првата земја од Европа со која ќе изгради заедница со заедничка иднина.
 
Германската полиција соопшти дека поранешната градоначалничка на Берлин, сенаторката Франциска Гифај била нападната во локалната библиотека каде непознат маж ја удрил одзади со торба наполнета со тежок предмет, а потоа побегнал.
 
Германија интензивно се залага за прием на земјите од Западен Балкан во Европската Унија бидејќи членството одамна е ветувано, изјави германскиот канцелар Олаф Шолц на средбата со Денис Беќировиќ, член на Претседателството на БиХ, пишува ДВ.
 
Товарен Боинг 763  принудно слета на аеродромот во Истанбул, по дефект на опремата за слетување, јавија државните медиуми.
 
Британско-шведската фармацевтска компанија АстраЗенека објави дека ја повлекува вакцината против Ковид-19 неколку месеци откако пред судот во Лондон призна дека вакцината може да предизвика ретки и опасни несакани ефекти. АстраЗенека  започна со повлекување на вакцината за Ковид-19 ширум светот поради „вишокот на достапни ажурирани вакцини“ кои таргетираат нови варијанти на вирусот, пишува британскиот Гардијан. Соопштението дојде откако фармацевтската компанија доброволно го повлече одобрението за ставање во промет на лекот во Европската унија во март.
 

© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.