„Фејсбук“ претставува нов месинџер за деца

Месинџер за деца

„Фејсбук“ најави нова верзија за апликацијата „Месинџер“ што ќе биде дизајнирана за деца на возраст од 6 до 12 години. Апликацијата е наречена „Месинџер кидс“ и не бара отворање профил на социјалната мрежа, бидејќи корисници под 13 години не смеат легално да отвораат профили. 

 

Оваа апликација ќе можат да ја менаџираат родителите на децата, од сопствениот профил, па ќе можат да контролираат со кои пријатели контактираат нивните деца. Бесплатна е за симнување и безбедна, објаснуваат од компанијата. Засега апликацијата е достапна само во САД, но се планира проширување на употребата во наредните месеци. 

 

Апликацијата е дизајнирана за да понуди видео и комуникација со пишување текст, а понудени се и маски и филтри. Сите можности се усогласени според возраста на децата. За да ја користат, родителите треба да ја симнат апликацијата од „Плејстор“ и потоа да ја потврдат со своето корисничко име и лозинка од сопствениот профил. Родителите ќе можат и да видат кога детето ја користи апликацијата. 

 

Од компанијата сметаат дека со оглед на тоа дека децата во денешно време постојано се онлајн, ова е добра можност тоа задоволство да не биде скратено, а сепак да бидат безбедни и контролирани од страна на родителите.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.