Дајмлер купува батерии во вредност од 20 милијарди евра

Германскиот гигант Дајмлер потврди дека до 2030 година ќе купи батерии во вредност од околу 20 милијарди евра.

 

Најголемите светски произведувачи, а меѓу нив и Дајмлер, целосно се фокусираат на производство на хибридни и електрични возила.

 

Главниот бренд на Дајмлер Мерцедес – Бенц планира 130 електрични и хибридни модели до 2022 година, меѓу кои и електрични комбиња, автобуси и камиони.

 

Дајмлер не соопшти од која фирма ќе ги набави батериите. 





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.