All for Joomla All for Webmasters

Научници: Селфито го намалува интелектот и ја брише меморијата

Научниците од Велика Британија открија дека прекумерната зависност од селфито доведува до сериозна деформација на личноста.

 

Главната мотивација на самофотографирањето е незадоволството од својот идентитет, изјави истражувачката Џулијана Мазо. Според вработените на Британскиот универзитет "Хал", зависноста од фотосесии ја намалува перцепцијата на меморијата и води до нејзината деградација.

Слабеењето на меморијата доведува до бришење на личноста на човекот, која е практично целосно формирана врз основа на преживеано искуство. Приврзаниците на навиката да прават селфи со време почнуваат да прибегнуваат кон фотографии кога потсвесно сфаќаат дека веќе не можат да се сетат на никаков настан во својот живот, изјавуваат научниците, а пренесуваат медиумите.

Истражувачите предложиле како да се провери зависноста од селфи на едноставен начин. Треба да најдете слика од пред пет години и, гледајќи ја, да се обидете да се сетите на деталите од тој настан. Ако ништо не ви доаѓа на ум, тогаш треба да ја намалите страста кон фотографиите и да започнете да обраќате внимание на тренирање на меморијата.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© 2017 MTM ТВ Дооел - Скопје. Изработка и хостинг: Делта Софт ЛТД - Гевгелија. Сите права се заштитени.