All for Joomla All for Webmasters

Samsung Galaxy S10 ќе биде претставен на 20 февруари

– „Самсунг“ планираат да го претстават долгоочекуваната „Галакси Ес10“ серија смартфони денови пред стартот на Светскиот мобилен конгрес 2019 (25-28 февруари).

 

Наместо тоа компанијата ќе одржи истовремени настани во Сан Франциско и Лондон на 20 февруари. Тогаш ќе го видиме за прв пат јубилејниот паметен телефон, кој ќе одбележи десет години од премиерата на оригиналниот „Галакси Ес“. Новата серија ќе вклучува најмалку три модели и еден од нив ќе поддржува „5Г“ мрежи.

 

Поместувањето на премиерата денови пред стартот на мобилниот конгрес во Барселона (СМК) се очекува да создаде голем интерес меѓу корисниците и медиумите кон „Галакси Ес10“. Можеме да бидеме сигурни дека „Самсунг“ ќе го искористат и СМК 2019, за да ги промовираат своите нови модели во сегментот на премиум смартфони.

 

Компанијата ќе ги демонстрира и можностите на подобрената верзија на својот паметен телефон со флексибилен дисплеј на настанот на 20 февруари, јави „АндроидАуторити“. Овој модел најверојатно ќе се продава во лимитирана серија и според непотврдени информации ќе чини околу 1.750 – 1.850 долари. Големо прашање е дали поддршката на „5Г“ нема да ја зголеми до слични вредности цената на другите верзии на „Галакси Ес10“.

 

Во секој случај не очекуваат многу интересни настани од најголемиот производител на смартфони со „Андроид“.в





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© 2017 MTM ТВ Дооел - Скопје. Изработка и хостинг: Делта Софт ЛТД - Гевгелија. Сите права се заштитени.