Безос сака да го украде договорот на Маск со НАСА

Џеф Безос најави дека ќе донира 2 милијарди долари на НАСА доколку му биде даден договорот за следниот лет кон Месечината.

Компанијата на најбогатиот човек на светот Blue Origin беше кандидат за договорот, но американската вселенска агенција на крајот го даде на компанијата на друг мултимилионер - Илон Маск. Безос поднесе жалба на оваа одлука.

Тоа беше преземено откако НАСА објави дека имаат проблеми со буџетот на мисијата, а „Спејс Икс“ на Маск има многу поголмо искуство со орбитални летови. Сепак, Безос вели дека ќе ги реши буџетските проблеми на НАСА давајќи им 2 милијарди долари. Покрај тоа, сопственикот на Amazon тврди дека SpaceX добил нефер предност во конкуренцијата откако ги видел цените на мисијата подготвена од НАСА.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.