"Персавиенс" започна со земање примероци од марсовска карпа (ФОТО)
- Детали
- Категорија: Технологија
- Создадено: 06 Август 2021
Американскиот ровер Персавиенс започна да зема примерок од карпа на Марс, објави денеска НАСА, пренесуваат агенциите.
Ова ќе биде првиот од триесетината примероци земени од Марс, кои ќе треба да се вратат на Земјата за анализа по неколку години. НАСА објави и фотографии од примерокот.
Севкупно, процесот на земање мостри треба да трае 11 дена. Парчето што ќе го земе роверот ќе има големина на креда и ќе биде запечатено во херметичка епрувета.
Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk
Можеби ќе ве интересира:
Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс