Сондата Бепи Коломбо помина блиску до Венера (ФОТО+ВИДЕО)
- Детали
- Категорија: Технологија
- Создадено: 10 Август 2021
Вселенското летало Бепи Коломбо направи близок лет околу Венера, при што ја фотографираше планетата со своите две камери, објавија светските агенции, повикувајќи се на Европската вселенска агенција (ЕСА).
Сондата Бепи Коломбо, создадена од ЕСА во соработка со Јапонската вселенска агенција (ЈАКСА), помина во близина на Венера на растојание од 550 километри.
Две од трите камери за надзор на леталото снимија црно-бели слики на планетата со резолуција од 1024х1024 пиксели. Фотографиите се направени во фазите на приближување и оддалечување од Венера. Првите слики ќе пристигнат на Земјата денеска.
https://twitter.com/i/status/1425076405642088449
"Додека минуваше покрај Венера, Бепи Коломбо ја почувствува топлината на оваа планета. Светлината што се рефлектира од нејзината површина го загрева трупот на сондата до плус 50 степени Целзиусови", се вели во соопштението на ЕСА.
До крајот на годината, Solar Orbiter и Bepi Colombo ќе имаат уште еден близок лет. Помеѓу 1 и 2 октомври, се очекува вселенското летало Бепи Коломбо да го мине Меркур на растојание од околу 200 километри. На 27 ноември вселенското летало „Соларен орбитар“ ќе лета околу Земјата на растојание од 460 километри. Леталото ќе продолжи редовно да лета околу Венера за постепено да го зголемува наклонот на својата орбита, што ќе и овозможи подобро да ги набудува неистражените поларни региони на Сонцето.
Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk
Можеби ќе ве интересира:
Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс