Вселенски брод со астронаути може да слета на Месечината до 2024 година.
- Детали
- Категорија: Технологија
- Создадено: 15 Август 2021
Шефот на SpaceX, Илон Маск, изјави дека вселенското летало „Старшип“ на американската компанија може да слета на Месечината со астронаути до 2024 година, пренесуваат светските агенции.
Запрашан од корисник на Твитер дали очекува неговиот брод да биде подготвен да донесе екипаж на површината на природниот сателит на Земјата во 2024 година, Маск одговори:
„Веројатно порано“.
Претходно во текот на неделата, главниот инспектор на НАСА, Пол Мартин рече дека речиси е невозможно астронаутите да слетаат на Месечината во 2024 година, делумно и поради доцнењето во развојот на вселенските костуми од следната генерација.
Маск на агенцијата и понуди помош во развојот. Во пролетта 2019 година, НАСА ја објави својата лунарна програма „Артемида“, која ќе се одвива во три фази. Првата фаза предвидува беспилотно летање на вселенското летало Орион од силна ракета носител за лансирање околу Месечината и негово враќање на Земјата. Во втората фаза, ќе се изврши лет со екипаж околу природниот сателит на Земјата. Во третата фаза од мисијата, НАСА планира да слетаат астронаути на Месечината во 2024 година, а потоа да ги испрати на Марс во средината на 1930-тите.
Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk
Можеби ќе ве интересира:
Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс