Бил Гејтс: Очекував повеќе од вакцините

Бил Гејтс, основачот на „Мајкрософт“ и коосновач на хуманитарната фондација Бил и Мелинда Гејтс, смета дека е потребен огромен истражувачки напор, во вредност од десетици милијарди долари, за да се осигура дека светот ќе биде подобро подготвен за следната пандемија, која може да биде многу полоша од ковид.

Тој рече дека е апслолутно вџашен од бројот на смртни случаи од коронавирус и економската штета предизвикана од пандемијата и дека треба се да финансира работата на подобрување на вакцините, третманите и дијагностичките тестови што ќе бидат потребни за поефикасна борба против следната пандемија.

 

 

„Не добивме вакцини кои спречуваат инфекција. Вакцините што ги имаме го чуваат нашето здравје, но во многу мала мерка го намалуваат преносот. Ни треба нов начин за правење вакцини“, рече Гејтс во интервју за Policy Exchange.

Експертската група за ефикасност на вакцините во САД проценува дека „астразенека“ нуди 65 проценти заштита од инфекцијата по две дози, а вакцината на „Фајзер“ нуди 75 проценти заштита. И двете вакцини треба да бидат околу 95% ефективни во заштитата од хоспитализација. Меѓутоа, проблемот е што имунитетот стекнат по вакцинацијата слабее со текот на времето.

Гејтс порача дека е незадоволен што нема ефективни третмани за ковид, додавајќи дека иако „дексаметазон“ и новиот антивирусен лек „молнупиравир“ може да помогнат, ефектот од терапијата е многу помал од очекуваното.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.