Илон Маск: Ако умрам под мистериозни околности...
- Детали
- Категорија: Технологија
- Создадено: 09 Мај 2022
Идниот сопственик на Твитер, Илон Маск, на социјалните мрежи зборуваше со загрижувачки тон.
Познат по тоа што предизвикува бура со своите твитови, тој денеска предизвика уште една по твитот во кој зборува за својата смрт „под мистериозни околности“.
„ Ако умрам под мистериозни околности, беше добро што ве познавав“, напиша тој на Твитер, нешто повеќе од една недела откако го објави купувањето на Твитер.
If I die under mysterious circumstances, it’s been nice knowin ya— Elon Musk (@elonmusk) May 9, 2022
Милијардерот ја сподели и причината за овој твит: порака што директорот на Роскосмос, Дмитриј Рогозин, наводно, ја испратил до руските медиуми. Имено, Рогозин го нападнал Маск и му упатил скриена закана, наведувајќи дека милијардерот им обезбедил на Украинците опрема за комуникација.
Рогозин рече дека заробениот полковник на украинските маринци Дмитриј Кормјанков изјавил дека украинските војници во Мариупол добивале средства за комуникација преку Маск.
„ Интернет терминалите „Старлинк“ на Илона Маск им беа доставени на милитантите на нацистичкиот баталјон Азов и на украинските маринци во Мариупол со воени хеликоптери. Според нашите информации, испораката на опремата „Старлинк“ ја организирал Пентагон“, наводно напишал шефот на Роскосмос.
.@Rogozin sent this to Russian media pic.twitter.com/eMI08NnSby— Elon Musk (@elonmusk) May 9, 2022
„ Затоа, Илон Маск е вклучен во снабдувањето на фашистичките трупи со воена опрема. И за ова, Илон, ќе бидеш одговорен како возрасен, без разлика колку се правиш дека си луд“ му порачал Рогозин.
Проектот Стралинк има за цел да обезбеди брз интернет достапен ширум светот и е активен во Украина по барањето на земјата, од рускиот напад кон крајот на февруари.
Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk
Можеби ќе ве интересира:
Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс