Здравје/Фитнес

РЕЦЕПТ: Есенски мафини со тиква

За есенските денови нудиме интересен рецепт на мафини со тиква.

 

СОСТОЈКИ:

 

450 гр пире од печена тиква

1 ¾ шолји брашно

1 шолја бел шеќер

½ шолја кафеав шеќер

2 лажички цимет

¼ лажичка мелено каранфилче

¼ лажичка морско оревче

1 лажичка сода бикарбона

½ лажичка сол

1 лажичка екстракт од ванила

2 јајца

½ шолја масло

 

 

ПОДГОТОВКА

 

Исечете ја тиквата и отстранете ги семките.

Покријте ја со алуминиумска фолија и печете ја околу еден час во загреана рерна на 200°С. Откако ќе се олади, со лажица извадете ја внатрешноста. Ставете ја во блендер или убаво испасирајте, за да добите пире. Премачкајте ги формите за мафини со малку путер или маргарин и оставете ги настрана.

 

Во длабок сад ставете ги сите суви состојки, односно брашното, белиот и кафеавиот шеќер, солта, содата, циметот, каранфилчето и морското оревче. Промешајте. Во друг сад ставете ги јајцата, пирето од тиква, маслото и екстрактот од ванила. Промешајте со маталка, но не премногу и така добиената смеса сипете ја во садот со сувите состојки. Добро промешајте со лажица. Ставете од смесата во формите за мафини и печете на 190°С околу 20 минути.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.