Здравје/Фитнес

Здравствени проблеми предизвикани од стресот

Модерниот начин на живот и времето во кое живееме ни носи многу стрес со кој често не знаеме да се избориме.

 

Многу пати сме слушнале дека стресот има големо влијание на нашето здравје и општата состојба на организмот и дека долготрајното изложување на стрес се акумулира во одредени делови од нашето тело.

 

Вратот и рамениците

 

Може да почувствувате притисок и тензија во вратот и мускулите во пределот на рамениците. Кога сме под стрес подсвесно ги грчиме рамениците и во оваа поза ги стегаме мускулите што доведува до појава на болки во овој дел од телото.

 

Глава

 

Кога сме под стрес често добиваме главоболки и мигрена. Тоа е последица на хемикалиите кои нашето тело ги лачи, а имаат влијание на нервите и крвните садови во мозокот што резултира со главоболка.

 

Стомак

 

Нашиот стомак има брз одговор на нашата ментална состојба. Стресот не само што имавлијание на работата на внатрешните орггани, туку има влијание и на составот на микробите во стомакот. Стресот исто така предизвикува и зголемено лачење на киселина во желудникот.

 

Долниот дел на грбот

 

Болката во грбот често потекнува од главоболката. Кога сме под стресимаме тенденција да ја менуваме нашата рутина, однесувањето, начинот на одење, спиење, седење... а тие промени влијаат на нашите мускули.

 

Вилица

 

Како резултат на стресот,мускулите кои се многу стегнати предизвикуваат чкрипење со забите.

 

Кожа

 

Кога поради стрес се ослободуваат многу хормони нашата кожа станува чувствителна, па кожата повеќе се масти. Затоа имаме повеќе акни.

 

Панкреас

 

Под хроничен стрес, нашето тело може да почне да произведува повеќе инсулин отколку што е потребо, а тој може да ги уништи артериите и да доведе до здебелување и ризик од дијабетес.

 

Зглобови, коски и мускули

 

Научниците докажале дека постои поврзаност помеѓу депресијата и целото тело. Ако се сомневате дека патите од депресија, што побрзо побарајте лекарска помош.

 

Срце

 

Стресот од емотивното страдање го крева крвниот притисок, а тоа негативно влијае на нашето срце. Многу срцеви болести се поврзуваат состресот, затоа мислете на вашето срце.

 

Имуниот систем

 

Имуниот систем се бори против вирусите и бактериите. Кога сме под стрес нашето тело ослободува хемикалии кои го намалуваат имунитетот





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.