Здравје/Фитнес

Презентиран проектот за придобивките од здравата исхрана

Внесување поголемо количество здрава храна со цел подобро физичко и ментално здравје е целта на проектот што се реализираше денеска во гимназијата „Методи Митевски-Брицо“ во Делчево.
 
 
 Презентацијата ги опфати учениците од четврта година, а како што истакна менторот и професор по германски јазик Лидија Таушанска, целта е учениците од прва до четврта година подобро да се запознаат со бенефитите од здравата храна.
 
 
-Преку денешната презентација сакаме да покажеме дека преку поголема употреба на здравата храна можеме да придонесеме учениците да бидат поконцентрирани и да внимаваат повеќе на наставата. За таа цел презентиравме неколку производи што спаѓаат во делот на здрава храна. За учениците и наставниот кадар понудивме на продажба здрава храна за која користевме пет типа на овошје, сушено овошје, јаткасти плодови, чај, овошни чаеви како и инстант и турско кафе, рече Таушанска.
 
 
Ваквите активности како што истакна директорот на гимназијата Љупчо Прачкоски, претставуваат нов начин на промоција на здравата исхрана меѓу учениците.
 
 
-Со овие активности влегуваме во еден нов процес во нашиот средношколски центар преку кој сакаме на некој начин да апелираме до учениците и професорите, па и нашата поширока средина во својата исхрана да користат поширок спектар на здрави производи, рече Прачкоски.
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
Прачкоски се надева дека овој проект ќе прерасне во пошироко кампањско претставување за претставување на бенефитите од здравата исхрана.
 
Користејки ги можностите на Еразмус програмата од гимназијата не ја отфрлаат можноста ваквите проекти да ги прераснат во можност за соработка со училишта и од други земји.




Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.