Здравје/Фитнес

Компанија ќе ги подмладува старите со младешка крв

Американска "Старт Ап" компанија има намера да ги подмладува старите луѓе со давање крв од млади и здрави доброволци, објави Метро.

 

Името на компанијата е "Амброзиа медицина". Компанијата ветува брз ефект кај богатите и стари клиенти. За да добие инфузија од 1 литар младешка крв, заинтересираниот ќе мора да плати 8.000 долари. Илјадници апликации се примени на веб-страницата на Амброзија.

Џеси Камамсин го основаше својот нов бизнис според претходна студија, спроведена од биотехнолошката калифорниска компанија Alkahest.

Во нејзините експерименти, крвта на 18-годишници била инјектирана во едногодишни глувци (што за глодари е еквивалентно на 50 човечки години).

Животните потоа станале значително поактивни и почнале да се однесуваат како млади. Исто така, значително се подобрила меморијата на животните.






Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.