Здравје/Фитнес

Вака го започнуваат денот најздравите луѓе. Јадете ги овие намирници и ќе бидете и вие како нив

Луѓето кои се обидуваат да изгубат килограми или да ја одржат здравата тежина јадат оброци со ограничен број на намирници.

 

Но, ваквата исхрана е тешко да се практикува подолго време, затоа по некое време повторно се здебелуваат.

 

VTI Technical Reaserch Centre од Финска ги проучувал прехрамбените навики на 147 здрави луѓе со здрава телесна тежина, во период од четири месеци. Истражувачите, на чело со доктор Anom-Lenom Vuorinen откриле дека здравите луѓе за појадок обично јадат три видови намирници.

 

Овошјето било најпопуларниот избор на 51 отсто од испитаниците, млечните производи биле застапени со 41 отсто, додека конзумирање овесни снегулки или мусли со ладно млеко избрале 33 отсто од испитаниците. Можеби ќе се зачудите, но иако лебот и пекарските производи се сметаат за извор на непотребни калории, дури 32 отсто од испитаниците денот го започнуваат со овој вид храна.

 

Најинтересно е тоа што само 26 отсто од испитаниците признале дека со појадокот пијат кафе, додека останатите 74 отсто, одат на работа и ги извршуваат обврските без кофеинска помош.

 

„Наместо да ја ограничувате исхраната и да ја избегнувате омилената храна, дебелеењето може да се спречи ако научите да ги слушате потребите на вашиот организам, а предност да дадете на квалитетот, а не на квантитетот на оброкот“, ги дообјаснува резултатите од истражувањето Ana-Lena Vuorinen.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.