Здравје/Фитнес

Проверете дали во вас се крие енергетски вампир- 5 знаци дека негативната енергија се крие во вас

Негативната, вампирска енергија настанува од безброј причини и прави да се чувствуваме безволно и слабо, а кај талентираните и силни луѓе буди немоќ и несогурност.

 

Понекогаш бранот на негативната енергија е толку силен, што и самите стануваме енергетски вампири. Да разјасниме, енергетските вампири во повеќето случаи не се лоши луѓе, туку несфатени луѓе во кои се крие тага и страв. Нив најчесто траумите од минатото им оставиле длабоки траги на душата, нивните емоции се поттиснати, а недостатокот на верба во себе постојано ги поттикнува да ја загрозуваат вашата енергија, за да ја забележите нивната болка.

 

Важно е да ги препознаете сигналите на вампирската енергија, а овие 5 знаци ќе ви покажат дека е скриена во вас.

 

1. Ве исцрпува конверзацијата со други луше, не се чувствувате добро, и збунети сте.

2. Уживате во комплиментите, а критиките многу ве погодуваат.

3. Се чувствувате лошо кога сте премногу оригинални и свои и кога вашиот став е поразличен од останатите ставови.

4. Се чувствувате исплашено и имате напади на анксиозност

5. Се жалите, но не превземате ништо за да ја поправите ситуацијата.

 

Ако се пронајдовте во карактеристиките кои одговараат на описот на енергетски вампири, не грижете се, постојат неколку начини да го исчистите своето енергетско поле и да се решите од негативната енергија:

 

1. Станете свесни за својот проблем- време е за промена! Наместо да бидете жртва на лошата енергија, подгответе се за нови искуства и животни промени.

2. Игнорирајте ги енергетските вампири- Важно е од животот да ги исфрлите негативните луѓе и да ги оставите само искрените пријатели кои ќе ви бидат поддршка на патот до личната трансформација.

3. Создадете личен простор- обезбедете си простор во кој ќе можете на глас да размислувате, да се посветите на своите проблеми и да ги прочистите негативните елементи од енергијата. Иако пријателите се совршен потпирач, нашата душа го знае најдобриот пат.

4. Моќен енергетски детокс- Ако мислите дека ве окупирала негативната енергија, важно е да си причините повеќе задоволства. Ставете во купката миризлива сол, уживајте додека се опуштате, исчистете го домот, хранете се здраво, почесто излегивајте на сонце, едноставно научете да се сакате самите себе. Ќе станете посреќна личност, вашиот дом ќе биде поорганизиран, ќе спиете помирно, а позитивната енергија повторно ќе ја исполни вашата душа.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.