Здравје/Фитнес

Родители, санкајте се со вашите деца!

Снежната покривка повторно го покри нашиот град, на што најмногу се израдуваа децата, анивната најомилена зимска активност на снегот е санкањето.

 

Дали знаете кои се придобивките од оваа зимска забава за децата и родителите?

 

1. Раздвижување на целото тело. Со влечење на санката во која е седнато вашето дете ќе согорите 300 калории.

 

2. Престој на свеж воздух. Свежиот воздух оди рака под рака со санкањето. После деновите кога Скопје беше екстремно загадено, престојот на снег убаво ќе ви дојде. Ако имате можност заминете и некаде подалеку од градскиот метеж, а и самиот престој на ладно ќе ви помогне убаво да спиете и да се изборите со бактериите и вирусите.

 

3. Развој на социјалните вештини- освен ако не сте отидени на некој осамен рид, многу веројатно е дека на санкање ќе се сретнете и со други деца, со кои ќе се дружи вашето дете.

 

4. И најважно, убаво ќе си поминете санкајќи се со вашето дете.- Во никој случај немојте да го карате, доколку се намокри или се однесува малку поразлично од вообичаено. Тоа е нормално поради возбудата дека прави нешто поразлично, а во постојано предупредување наместо да се опуштите, ќе предизвиакте дополнителен стерес. Затоа уживајте во снежните лудории, и бидете среќни додека поминувате време со вашето дете.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.